Короната одзеде четири животи, 770 новозаразени

Министерството за здравство попладнево објави дека од 2043 тестови, регистрирани се нови 770 случаи на КОВИД-19. Од нив 207 се реинфекции.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г).  Лицата се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Радовиш (73г) и Крива Паланка (66г). Едно лице е починато во болнички, а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 20.06.2022 -28.06.2022г.

Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121.

The post Короната одзеде четири животи, 770 новозаразени appeared first on Локално.

ПОСЛЕДНИ

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...

Џабе милијардите: На натпревар во Саудиска Арабија присуствуваа 61 гледач

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQСаудиска Арабија вложува милијарди во фудбалот и веќе во лигата во оваа земја...