„Кока-Кола“ доживеа финансиски удар од 195 милиони долари

Светски познатата компанија „Кока-Кола“ изјавила дека забележале финансиски удар од 195 милиони долари, поради состојбата на рускиот пазар и повлекувањата.

Филијалата на „Кока-Кола“ очекува оперативната добивка на компанијата за оваа година да биде меѓу 740 и 820 милиони евра.

Таа сума е значително помала од 2021 година кога е пријавена добивка од 831 милион евра.

– Профитот е оштетен поради помалото присуство во Русија и проблемите со инфлацијата – наведуваат од компанијата.

ХБЦ претставува една од многуте фабрики за флаширање на „Кока-Кола“ низ светот и поседува бројни локални франшизи за флаширање и продажба на пијалакот.

Овој производител на безалкохолни пијалаци, кој своевремено Русија ја сметаше за еден од најголемите пазари, претходно најави дека во втората половина од годинава очекува да направи финансиски трошоци во износ од 82 милиони евра.

Тие исто така нагласуваат дека компанијата ги потрошила сите свои залихи и повеќе нема да произведува или продава производи во Русија.

Освен состојбата на рускиот пазар, компанијата, која котира и на лондонската берза, забележа пад на нето-добивката во износ од 153 милиони евра за шест месеци заклучно со 1 јули, а како најголема е наведена инфлацијата причина за ваквата економска состојба, пренесе Аваз.ба.

ПОСЛЕДНИ

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...