Кои шест пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за Уставните измени?

По вчерашната панична најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за обезбедување на 44 нотарски изјави со кои пратениците на ДПМНЕ не би гласале за уставни промени, се поверојатна се чини можноста дека најмалку шест пратеници од редот на коалицијата на ДПМНЕ овој пат сепак би гласале за уставните измени.

Мицковски со овој чин кој што наликува на мениците на Груевски, јасно покажува дека ги тера пратениците од своите редови на послушност и поданост кон неговите лични ставови, спротивно на пораките кои што пристигаат од Вашингтон и Брисел, скоро идентично како во 2015 година за време на падот на Груевски.

СДСМ и ДУИ во своите соопштенија обвинуваат дека таквата политика е антиевропска и проруска, што засега не е демантирано ниту од ВМРО ниту од Левица.

Аналитичари и политички коментатори на социјалните мрежи сметаат дека деморализирачки и навредливо е ваквото негово однесување кон пратениците чии избраници се народот и при гласање во Собранието треба да гласаат самоволно, но и сметаат дека законската вредност на нотарски изјави е ништовна.

Дали односот спрема пратениците, навредата и недовербата искажана кон нив и третирањето само како гласачка машина заради лична потреба ќе предомисли некои од пратениците да поддржат уставни измени, слично на 2019 година кога 8 пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМЕ се одметнаа од Мицковски и гласаа за уставните измени согласно Преспанскиот договор.

Деск.мк дознава дека неколку пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ веќе пристапиле со лични барања кон институциите и челниците на владината коалиција наговестувајќи подготвеност за конструктвност наспроти наметнстиот “диктат” од Мицкоски кој што се интерпретира како несигурност во себеси.

ПОСЛЕДНИ

„Лузер“ на колото: Му смееше во лице на Рабио, па експресно доби одговор…🎥

Вчерашниот натпревар во Серија А помеѓу Монца и Јувентус имаше луда завршница во која Монца стигна до изедначување во 92. минута, но само...

Трагикомендија: Славниот англиски клуб примаше смешни голови во ФА Купот – навивачите бараат истрага! 🎥

Славниот Нотс Каунти се најде во центарот на вниманието по натпреварот против Шрузебри во ФА Купот – причината е огромните сомнежи дека станува...

Извлечени групите за Европското првенство!

Наредното лето во Германија ќе се игра Европското првенство, а денес беа и извлечени групите за собирот на најдобрите вропски репрезентации.ГРУПА А: Германија,...

📷Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните

152 Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес,...