Кинеските научници развиле маска која открива коронавирус во воздухот

Според написите во научно списание, кинеските истражувачи развиле маска која ги предупредува корисниците на изложеност на коронавирус или грип.

Сензорот вграден во маската успеа да ги открие вирусите на Ковид-19, Х5Н1 и Х1Н1 во воздухот во рок од десет минути и да испрати известувања до уредот, според студијата предводена од шест научници од Универзитетот „Тонги“ во Шангај. Резултатите се објавени во научното списание Matter.

Новиот уред, кој се наоѓа надвор од маската и има литиумска батерија што се полни, беше тестиран со прскање патогени во затворен простор. Симулирано е веројатно сценарио во кое некој зборува или кашла. Сензорите реагираа дури и на течност во примерок помал од количеството произведено со кивање испраќајќи предупредувања до безжични уреди, како што се телефоните, пишува списанието.

„Претходните истражувања покажаа дека маските го намалуваат ширењето на вирусите. Затоа сакавме да направиме маска што го предупредува корисникот за присуството на вируси во воздухот“, вели Јин Фанг од Универзитетот во Шангај и еден од авторите на студијата.

Истражувачите велат дека уредот најдобро се користи во затворени простории, каде што ризикот од инфекција е висок. Тие работат на намалување на времето за откривање и на чувствителноста на уредот, кој може да се конфигурира за разни вируси доколку е потребно.

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...