Кина е сè поагресивна, вели американскиот министер за одбрана

САД ќе го завршат својот дел од работата за да се намалат тензиите со Кина и да се спречи конфликт, иако Пекинг станува сè поагресивен во азискиот регион, вклучително и областа во близина на Тајван, изјави американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.

Односите меѓу Кина и САД се затегнати во последните месеци, при што двете најголеми светски економии се судрија за различни прашања, од Тајван и човековите права во Кина до воените активности на земјата во Јужното Кинеско Море.

Обраќајќи се на безбедносната конференција за дијалог Шангри-ла, Остин рече дека САД ќе продолжат да стојат на страната на своите сојузници, вклучително и Тајван.

„Ова е особено важно имајќи предвид дека Народна Република Кина покажува зголемена принуда и агресија во нејзините територијални претензии“, додаде тој. Кина тврди дека Тајван е нејзин и вети дека ќе го земе на сила доколку е потребно.

На состанокот меѓу Остин и кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхеј, двете страни ја повторија желбата за подобро управување со нивните односи, иако немаше знаци дека ги надминале разликите.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана рече дека Веи на состанокот со Остин порачал: „Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да започне војна, без оглед на цената“.

Според кинеското Министерство за одбрана, Пекинг, кој го смета Тајван за составен дел од својата територија, ќе го пресече на илјада парчиња секој обид за независност. Остин му рекол на Веи дека треба да воздржаност од каква било нова дестабилизирачка акција во регионот, соопшти Пентагон.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...