Како настана фамозниот фустан на голото тело на Бела Хадид, кој го крена Париз на нозе!

Модната недела во Париз имаше големо изненадување – топмоделот Бела Хадид (25) на ревијата на францускиот бренд „Коперни“, чии автори се Себастиен Мејер и Арно Вајлан, доби фустан од спреј. Хадид излезе на пистата во гаќички, а тимот технолози буквално создадоа фустан со прскање од лименка. Станува збор за 3Д технологија што ја осмислила лондонската компанија „Фабрикан Лтд“. Во 2003 година ја основал доктор Манел Торес.

Имено, Торес ја осмислил, дизајнирал текстурата, за која истакнал дека мора да ’прилега на телото на магичен начин, како втора кожа’. Компанијата денес произведува „материјал што се распрскува од конзерва во форма на аеросол“.

„Сакавме овој момент да му го посветиме на д-р Торес, бидејќи многу го почитуваме она што тој го прави. Чувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да го води настапот – за нас тоа го прави искуството уште помагично“, изјавил за „Вог“ Арно Вајлан, кокреативен директор на брендот.

На ревијата во Париз, неговиот изум беше претставен за модната куќа „Коперни“, а процесот траеше околу 8 минути, колку што ѝ требаше на Хадид да ја „облече“ креацијата.

„Коперни“ во изјавата за ВВД објави дека материјалот е направен од „кратки влакна поврзани со полимери и биополимери, како и зелени растворувачи кои испаруваат откако ќе се испрскаат со спреј на површината, оставајќи само „текстил“.

Текстурата може да се менува во зависност од влакната, врзивото и начинот на нанесување на спрејот.

Новосоздадениот материјал може и да се пере, па дури и да се интегрира во некоја друга облека, како и – со разни уреди кои го следат здравјето на оној што го носи – коментирале од брендот.

Иако првично била наменета за мода, компанијата „Фабрикан“ потврдила дека оваа технологија има неограничена примена.

Засега, ова вклучува СБД фластери за ублажување на болката, заштитна облека како што се брзо произведените маски за лице, можност за изработување хигиенски марамчиња или инстант сунѓери, пишува „Јаху“.

 

„Коперни“ е француски бренд кој постигна голема слава во светот на модата во последните неколку години и се однесува на нови технологии, експерименти и дизајн кој вклучува момент на изненадување.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...