На денешната 69-та седница Владата ги изгласа следните важни одлуки:
1. Сабота (20.08.2022) за неработен ден за граѓаните од општините Тетово, Маврово и Ростуше, Центар Жупа поради изборниот процес што ќе се одвива во овие општини;
2.Обезбедување на деловни простории за функционирање на Шар планина како национален парк;
3. Разгледување и усвојување на пакетот со препораки и обврски за заштеда на електрична и топлинска енергија, за што се задолжува Министерството за економија во рок од 3 дена да ги информира домаќинствата и домашниот бизнис сектор за нив.