Иванов: Спорот со Грција беше историско разграничувачки, а со Бугарија е историско асимилаторски

Да бидеме реални, среќен не е никој од потпишувањето на Преспанскиот договор. Не само кај нас туку и во Грција, вели во разговор за „Локално“, новинарот Зоран Иванов,по повод навршувањето на 4-годишницата од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Она што не треба да го заборавиме, според Иванов е дека проблемот со името „не беше билатерален туку беше мултилатерален“, појаснувајќи дека ООН имаше донесено две резолуции во насока со нашиот јужен сосед за да го решиме спорот.

Ова сега со Бугарија нема никаква допирна точка со претходното, појаснува тој.

-Спорот со Грција беше историско разграничувачки, а овој со Бугарија е историско асимилаторски. Дијаметрално се различни. А тоа што некои бугарски политичари и историчари фантазираат дека по некаква аналогија со Преспанскиот ќе наметнат некаква своја агенда, тука малку се залетале, смета Иванов.

Денеска се навршуваат четири години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Македонците генерално не го прифатија, но дел ја разбраа потребата за негово потпишување во еден турбулентен период за земјава. Како вие гледате на договорот од денешна гледна точка?

– Зарем веќе четири. Па добро, ете и ништо страшно не се случи. Како вели народната „Се тресеше гора се роди ….“. И да, многу е точно дека не поголемиот дел туку мислам дека сите Македонци без исклучок, сите и дома и надвор, не посакувавме решение под присила. Но, една друга народна пак, вели дека „Сила бога не моли“.

Да бидеме реални, среќен не е никој. Никој. Не само кај нас туку и во Грција. Но, за нас, ако ни е важна државата, а важна ни е како иституција во која како како македонски народ можеме да си ги афирмираме идентитетот, јазикот, кутурата и да си ги негуваме традициите и во истовреме да бидеме држава дел од ООН каде што бевме запишани привремено и тоа како поранешна, како нешто што некогаш било па пота не било и станало поранешно. Во меѓународни рамки нешто како „историки поим“ но не и како „актуелна држава“.

Ете, ако и од некој ваков агол гледаме на тогашната ФИРОМ ситуација, би можеле да извлечеме и поинаков заклучок отколку да тврдиме дека сме го смениле името на државата. И да не заборавиме дека проблемот со името не беше билатерален туку беше мултилатерален зашто ООН донесоа дури две резолуции во насока со нашиот јужен сосед да го решиме спорот, секако едностран и наметнат па сепак во очите на ООН спор.

Значи, државата Македонија доби две крупни нешта. Со Преспанскиот, прво, го реши деценискиот соседски спор, и второ, земјата ни стана членка на НАТО цел за која три децении се залагаат сите релевантни политички субјекти во Македонија.

Улогата на тогашниот премиер Заев во преговарањето и подготвувањето на текстот од договорот во историјата ќе биде запишана, во најмала рака, како контроверзна. Мнозинството македонски граѓани се чини не можат да му простат за „националното предавство“, но дали сето ова беше неопходност и во контест на безбедноста на земјава, што денес многу јасно знаат да го истакнат од партијата на власт поради руската инвазија на Украина? Беше ли тогаш безбедносно прашање потпишувањето на договорот?

– По дефиниција НАТО е безбедносна структура. И со овие украински настани и без нив, една мала земја како нашата да е згрижена во тој клуб на демократски држави е и привилегија и потреба. Македонија ја имаше среќата во еден историски миг на едно место, со иста енергија, со идентична мисла и со посебна одговорност и смелост да се најдат премиерите Заев и Ципрас и со сиот ризик и со сите последици по своите политички кариери, да изнајдат формула од која граѓаните на двете земји кусорочно нема да бидат задоволни, но од која, гледано стратегиски и државнички, на двете страни, нам секако посебно, на регионот исто така, му обезбедува многу претпоставки за дополнителна стабилност и сигурност.

Го „изгубивме“ името, го добивме НАТО, но ветувањата за ЕУ-интеграција се уште не се исполнети, иако од европски официјални лица слушаме секојдневно дека „Европа треба да ги исполни своите обврски кон Македонија“, не ретко и поради сите жртви кои ги направивме од Преспа навака. Нѝ должи ли нешто ЕУ или ние не успеавме да си ја завршиме својата работа?

-Добро, „го изгубивме“ или „го зацврстивме“, може до бескрај да се дебатира. Географската одреница со прст на глобусот покажува само каде, на кој пресек на меридијаните и напоредниците е нашата Македонија. Каде е државата Македонија во рамките на поширокиот регион Македонија кој историски бил парчен и распарчуван и во чии пазуви во едни исто така немирни но за нас Македонците сепак судбоносни околности, како државна конституција е создадена нашата Македонија.

Ајде прецизно за Преспанскиот. Македонија е единствена држава во светот која во своето име го има и милениумскиот бренд Македонија. Нема ниту една друга држава која го носи ова име. И за јазикот, ние Македонците сме единствениот народ во светот кој зборува на јазик изведен од народот, од нацијата и наречен македонски и е запишан како македонски. Овие два идентитетски факти се отпечатени во регисррерот на ООН. Ете, толку од стравувањата. Мислам дека се друго е само гола политизација, пумпање лажен патриотизам и ловење изборни гласови во магла.

Колку Македонија, а колку Грција, според вас си го заврши својот дел од договорот? Дали освен „намалувањето на тензиите“ меѓу земјите и понекоја економска придобивка, која донесе и членството на земјава во НАТО, на Македонија и „расцветаа розите“?

– На ниту една джава па ни нам нема да ни процветааат рози доколку самите не си ги насадиме, негуваме, храниме, наводнуваме. Ниту НАТО, ниту ЕУ тоа нема да го стотат за нас. Ние се нафативме нешто поревносно и понастојчиво да ги реализираме нашите обврски од договорот. Грчката страна е по инертна. Во тамошното собрание се` уште Преспанскоот чека на ратификација. Нешто глумат и околу патните табли, матат околу трговските кодови и нетактички, некоректно и нефер, се уште тераат некаков балкански инает.

Тоа и такво нивно однесување само по себе зборува и колку е големо незадоволството од Преспанскоти во моќните грчки политички кругови и воопшто во грчкото општество со години труено со антимакедонизам. Но ќе мине и тоа. Ако хронолошки погледнеме на назад, еве само да се потсетиме на Лисабонската декларација од пред три децении кога грчката дипломатија успеа во рамките на ЕЕЗ сега ЕУ да ја избрише именката Македонија од името на нашата држава. Еволуцијата сепак тече во насока и преостанатите недоразбирања и застои да се надминат.

Дали по ваше мислење може да се преземе дел од моделот според кој се реши спорот со Грција и на спорот со Бугарија? Ја имаат ли Ковачевски и Петков политичката волја и храброст на Заев и Ципрас за следниот чекор и расчистување на отворените прашања, иако се работи за сосема поинаков проблем и тематика?

-Неспоредливи се проблемите. Потсетувам дека сопрот со Грција беше мултилтрален, дека за него се расправаше во ООН, дека Советот за безбедност донесе две обврзувачки резолуции спорот да се надмине преку меѓусебен договор, дека ООН назначија дипломати посрединици и тоа не било кои и од било каде туку директно од САД.

Ова сега со Бугарија нема никаква допирна точка со претходното. Спорот со Грција беше историско разграничувачки, а овој со Бугарија е историско асимилаторски. Дијаметрално се различни. А тоа што некои бугарски политичари и историчари фантазираат дека по некаква аналогија со Преспанскиот ќе наметнат некаква своја агенда, тука малку се залетале. Овде сега не станува збор за храброет, туку станува збор за потреба од взаемна цивилизациска кооперативност. Ова од проста причина што темите што актуелна политичка Бугарија сега ги наметнува, не се теми од списокот, од агендата на ЕУ. А ниту пак ЕУ се е ООН.

Историја и идентитет не се дел од критерумите за членство во Унијата. И што е поважно, ЕУ во своите редови прима европски држави членки на ООН. Ги прима онака топтан со се`што има во нив. Единтвениот критериум што ЕУ го бара од земјите претенденти е тие да ги исполнуваат условите од агендата на ЕУ. За земја кандидат како што е Македонија тоа е да ги исполни условите за почеток на пристапните преговори. А дека се тие исполнети тоа го потврдуваат сите членки на Унијата на што не им противречи ни самата Бугарија која ни наметнува неисполниви услови. И, ете, последицата од тој фамозен консенсуален критериум на ЕУ, е исклучиво врз нашиот грб. Засега.

ПОСЛЕДНИ

„Лузер“ на колото: Му смееше во лице на Рабио, па експресно доби одговор…🎥

Вчерашниот натпревар во Серија А помеѓу Монца и Јувентус имаше луда завршница во која Монца стигна до изедначување во 92. минута, но само...

Трагикомендија: Славниот англиски клуб примаше смешни голови во ФА Купот – навивачите бараат истрага! 🎥

Славниот Нотс Каунти се најде во центарот на вниманието по натпреварот против Шрузебри во ФА Купот – причината е огромните сомнежи дека станува...

Извлечени групите за Европското првенство!

Наредното лето во Германија ќе се игра Европското првенство, а денес беа и извлечени групите за собирот на најдобрите вропски репрезентации.ГРУПА А: Германија,...

📷Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните

152 Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес,...