Испратен армиски хеликоптер за гаснење на пожарот меѓу Дојран и Богданци

Се разгорува пожарот кај селото Фурка, поради што е испратен хеликоптер за да помогне за негово гаснењето, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400м. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума“, појаснуваат од ЦУК.

Оттаму велат дека градоналалниците од двете општини побарале помош од хеликоптер на Армијата, кој веќе е испратен кон Богданци.

Појаснуваат дека пожарот поради ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката го опфатил и сртот на ридот што е природна граница помеѓу двете општини, поради што се работи за непристапен и тежок терен без патна инфраструктура.

Пожарот го гаснат триеесетина пожарникари од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, а на помош им се и комуналните и шумските служби.

ПОСЛЕДНИ

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...

Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IКако што објавија шпански и неколку англиски медиуми,...