И Рускоска, и Муареми, бараат заштита од странците!

И по две недели откако Обвинителството за организиран криминал и корупција по наредба на обвинителката, Вилма Рускоска изврши претрес по претставка на група граѓани во просториите на Управата за финансиска полиција која ја раководи директорот, Арафат Муареми не стивнуваат обвинувањата меѓу двајцата нив.

Рускоска и Муареми раководат со двете клучни институции за гонење на организиран криминал и корупција во државата, а и двајцата не стивнуваат со личните пресметки и препукувања.

Муареми ја обвинува Рускоска за нарушување на угледот на Управата, за суштествени недостатоци на наредбата за  вршење претрес, начинот на постапување при нејзиното спроведување, одредени нелогичности, како и излегување од рамките на законската пракса.

Рускоска пак со став дека се врши директен притисок врз работата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција како и лично кон неа како обвинител.

И Рускоска и Муареми вчера побараа заштита од Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ.

„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и eвропската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот, за Муареми“, повика Рускоска.

„Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“ – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорор над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има “ – изјави  Муареми.

Дали по овој повик за заштита ќе излезат со одговор Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ останува да видиме во наредните денови или сето ово само негативно ќе влијае врз работата на овие две клучни институции во земјата.

ПОСЛЕДНИ

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...

Адеми: Албанската опозиција предводена од ВМРО го блокираше Законот за игри на среќа

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку прес-конференција ги отфрли сите тврдења на албанската опозиција за Законот за игри на среќа. Адеми рече...