И дипломатскиот кор на ратификацијата на протоколите за Шведска и Финска во НАТО

Македонското Собрание денеска на пладне ќе одржи пленарна седница на чиј дневен ред, меѓу другите, се точките за ратификација на протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО.

Како што соопшти собраниската служба за информирање, на оваа седница, пратениците ќе се изјаснат за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска и за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска, што Владата ги достави во Собранието.

На оваа 82. седница на Собранието се поканети претставници на дипломатскиот кор во земјава, членовите на Владата и претседателот на Република Северна Македонија.

По НАТО-самитот во Мадрид,  што се одржа кон крајот на минатион месец, на 5 јули 2022 година овластени претставници на 30 држави-членки на НАТО во Брисел ги потпишаа протоколите  кон Северноатлантскиот договор во врска со  пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска.

Собранието на Македонија, која официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022 година, првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата.

ПОСЛЕДНИ

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...

Џабе милијардите: На натпревар во Саудиска Арабија присуствуваа 61 гледач

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQСаудиска Арабија вложува милијарди во фудбалот и веќе во лигата во оваа земја...