Хоакин Феникс ќе се врати на големото платно како Џокер во продолжението од 2024 година

Филмското продолжение на психолошкиот трилер оскаровец „Џокер“, базиран на еден од најпознатите негативци од стриповите, ќе се појави во кината на 4 октомври 2024 година, изјави во средата портпаролот на филмскиот дистрибутер „Ворнер Брос“

Во Jокеr: Folie a Deux ќе глуми Хоакин Феникс, кој ќе ја повтори својата улога на насловниот лик – извонредна изведба што му донесе „Оскар“ за најдобар актер во оригиналниот филм од 2019 година, изјави портпаролот на студиото.

Филмот од 2019 година – приказна за потеклото на големиот непријател на суперхеројот Бетмен – доби 11 номинации за „Оскар“ вклучувајќи ја и таа во категоријата најдобар филм, но победи за најдобра оригинална музика и за најдобар главен актер.

Тод Филипс е режисер и продуцент, сценариото го напиша заедно со Скот Силвер.

Приказната го прикажува психолошкиот пад на главниот протагонист во филмот, пропаднат кловн и комичар Артур Флек, и социјалните сили кои го трансформираа од потиштен самотник во ладнокрвен убиец кој инспирира бран насилство во измислената метропола Готам Сити.

Нема достапни детали за продолжението. Но, холивудскиот портал „Вараети“ објави дека новата продукција ќе биде мјузикл во кој Лејди Гага ќе ја глуми сојузничката на Џокер, Харли Квин.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...