Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и Желино да ги подмират доспеаните и неплатени обврски кон Управата за јавни приходи, ова го соопшти преку својата Фејсбук страна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби.
Целосна објава:
✅ Ја подобруваме финансиската стабилност на општина Тетово и Желино!
👉Владата преку финансискиот инструмент структурни обврзници издадени од Министерството за финансии ќе им помогне на општина Тетово и Желино да ги подмират доспеаните и неплатени обврски.
📈Вредноста на финансиската обврзница за општина Тетово е 250.165.143 денари, додека за општина Желино 21.735.891 денари.
📌Корисници на овие обврзници ќе бидат доверителите кон кои овие општини имаат неплатени обврски и тие ќе можат да ги користат овие обврзници за плаќање даноци кон Управата за јавни приходи, односно за
👉 плаќање на даночниот долг настанат по основ на ДДВ (освен ДДВ при увоз) и
👉 Данок на добивка.
Рокот на доставување на обврзниците е 10 години и општините се обврзани да ја вратат вкупната номинална вредност на обврзниците на еднакви рати од 10 години на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.