Груби се сретна со претседателката Чапутова, се побара поддршка од Словачка на патот кон ЕУ

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со премиерот Ковачевски, денеска остварија средба со претседателката на Словачка, Зузана Чапутова.

Груби истакна  дека со Чапутова разговарале за односите меѓу двете земји и за искуствата од процесот за членство во Европската унија, НАТО алијансата и енергетските и безбедносните предизвици.

Меѓу другото, Груби истакна дека со Чапутова разговарале и за економската и енергетската криза и мерките преземени за нивно надминување.

„Заедно со премиерот Ковачевски денеска ја пречекавме во официјална посета претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова.
Разговаравме за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Словачка, искуствата од процесот за членство во Европската унија, НАТО алијансата, енергетските и безбедносните предизвици во регионот и пошироко, вклучително и руската агресија врз Украина.
И се заблагодаривме на претседателката Чапутова за поддршката на патот кон европската интеграција бидејќи добрите дела не се прават без пријатели, нагласувајќи дека пристапниот процес на нашата земја започна во малку критичен момент за европската безбедносна архитектура, изразивме очекување од земјите од европското семејство за подинамичен пристап кон проширувањето на ЕУ.
На оваа средба се разговараше за економската и енергетската криза и мерките што се преземаат за нејзино надминување, бидејќи цела Европа ќе има тешка зима поради нарушената безбедност од војната во Украина.“. напишаГруби.

 

ПОСЛЕДНИ

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...