Груби: Продолжуваме еден по еден да ги решаваме проблемите на жителите на Aрачиново!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими денес присуствуваа на пуштање во употреба на водоводната мрежа во општина Арачиново.

Груби истакна дека по  решавањето на проблемот со електричната енергија во оваа општина се обезбедени и средства за регулирањето на каналот на отпадни води.

„По решавањето на проблемот со електричната енергија, основањето на основното училиште “Абдул Фрашери”, обезбедувањето на средства за регулирањето на каналот на отпадни води, денес ја пуштивме во употреба и водоводната мрежа, долгоочекуван проект кој стана реалност како резултат одличната соработка на градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими со градоначалникот на општина Ејупсултан од Турција, г. Дениз Кокен.

Му честитав на Ридван за неговата принципиелна заложба за реализација на нашата изборна програма и му ветив целосна поддршка од целиот владин кабинет во реализацијата на што е можно повеќе проекти во служба на поквалитетниот живот на жителите на Арачиново.“, напиша Груби на социјалните мрежи.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...