Груби: Очекувам приоритет на новото раководство на АНБ да биде проверката на државјанствата

Со директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски имавме голем напредок во врска со проверката на големиот број државјанства во Агенцијата, но со новата администрација очекувам ова прашање да биде приоритетно, порача денеска вицепремиерот Артан Груби по одбележувањето на годишнината на АНБ во Клубот на пратениците, за која манифестацијата беше затворена за јавноста.

-Тоа е сериозен проблем со којшто се соочуваме веќе години наназад заради наследени проблеми. Јас сум имал неколку средби со директорот на Агенцијата за национална безбедност по однос на ова прашање. Сме имале напредок, голем напредок, затоа што има голем застој во случаите од претходната администрација. Но, како што веќе знаете дека сегашниот директор веќе е назначен за амбасадор на нашата земја во Франција и сметам дека со новата администрација во Агенцијата прашање ќе биде едно од приоритетните со кое што треба да се соочиме и да го решаваме, истакна Груби.

Одбележувањето на годишнината на АНБ беше најавено од вицепремиерот Артан Груби, а на настанот присуствуваа министри, генерали, јавни обвинители, судии и други.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...