Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по завршувањето на владината седница истакна дека е одлучено да се реструктуира тимот за преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.

„На денешната седница Одлучивме за реструктурирање на екипата за преговори и членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Покажавме дека сите институции се подготвени да дадат максимумот и својот капацитет да го насочат кон овој процес и дека подготвени сме да го изодиме овој пат со сите придобивки кои ќе ги добијат граѓаните преку полноправното членство во ЕУ.
Нашата иднина е во ЕУ, токму поради нови можности за нашите граѓани, покачување на стандардот, отворени граници и повисоки плати.“, нагласи Груби.