Сите работи во објектот на Поликлиниката во Сарај се завршени, бидејќи паркинг просторот и околниот објект се веќе асфалтирани, вака на социјалната мрежа Фејсбук информира првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Груби појаснува дека сега објектот ќе биде предаден на Министерството за здравство за набавка на обезбедената опрема.
Целосна објава:
Како што ветивме пред 5 дена, еве го завршувањето на асфалтирањето на паркингот и просторот околу новата Поликлиника во Сарај од потпишаниот анекс на договор кој не беше предвиден во основниот проект.
Со ова се завршени сите работи за пуштање во употреба на Поликлиниката во Сарај која ќе биде во служба на граѓаните.
Објектот сега ќе биде предаден на Министерството за здравство и Здравствениот дом за да се постави целата обезбедена опрема.