Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови

Првиот потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби го свика денес вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 Д.

Комитетот на денешната седница одлучи да и предложи на Владата формирање на екипите за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект на нашата земја, кој ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка.

Коридорот 8 предвидува изградба на автопатот според современи стандарди на патната инфраструктура во три правци: Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево,  Ќафасан – Струга-Требениште.

Коридорот 10 Д предвидува изградба на автопатот Битола – Прилеп.

Со изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, што беше одобрено од страна на Собранието и одборот на директори на ЕБОР, значително ќе им се олесни движењето на граѓаните од граничниот премин Блаце со Косово до граничниот премин Ќафасан со Албанија.

Реализацијата на овие големи проекти на патната инфраструктура значително ќе влијае на зајакнувањето на трговските односи меѓу балканските земји, побрзо и поквалитетно движење на граѓаните.

Законот за изградба на Коридорот 8 беше одобрен на 15 Јули 2021 година во Собранието на Северна Македонија на предлог на пратениците на парламентарното мнозинство и беше потврден од страна на Уставниот суд на 9 Декември 2021 година.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...