Груби: Битката за слобода и еднаквост ја издвоивме, ни претстои битката за иднината

Скопје, 2 Август – “Нашите предци се бореа за слобода и успеаја пред 119 години во Крушево, обединети околу идеалот за слобода и еднаквост”, порача првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Артан Груби во честитката по повод празникот, Илинден.

Нашите предци се бореа за слобода и успеаја пред 119 години во Крушево, обединети околу идеалот за слобода и еднаквост.

И денес ги имаме истите идеали, збогатени со интеграцијата како следна битка за да ја заокружиме Републиката со сите свои атрибути.

Ние сме на вистинскиот пат, во правата насока, онаа на европската и евроатлантската припадност, градење и почитување на еднаквоста меѓу нас.

Пред 119 години водевме битката за слобода, вчера ја водевме битката за еднаквост, денес водиме битка за иднината и на наша страна ги имаме сите проевропски и проевро-американски домашни сили кои сакаат интеграција во Европската Унија и напредок.

Среќен нека ни е Илинден.” стои во честитката по повод големиот празник Илинден на првиот потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Артан Груби.

ПОСЛЕДНИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови на англиски...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...