Грција реагира за меморандумот за соработка меѓу Либија и Турција

Потпишаниот меморандум за разбирање за јаглеводороди меѓу Турција и Либија, предизвика реакции во Грција, а официјална Атина смета дека во конкретниот морски дел Грција има суверени права, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчерашниот меморандум за разбирање за јаглеводороди меѓу Турција и Либија доаѓа по потпишаниот турско- либиски меморандум од 2019 година за морските зони. Од грчкото МНР соопштија дека суверените права кои ги има Грција во регионот, ќе ги брани со сите законски средства и со целосно почитување на меѓународното морско право, Потсетија дека земјата има потпишано договор со Египет за одредување на Ексклузивната економска зона и потенцираа дека турско- либискиот меморандум од 2019 година е „нелегален, невалиден и непостоечки и затоа никој нема право да се повикува на него“.

-Секакво споменување или дејствие во имплементација на споменатиот „меморандум“ ќе биде де факто незаконско и во зависност од неговата сериозност ќе има реакција и на билатерално ниво и на ниво на Европската Унија и НАТО. Грција ќе продолжи да ги информира своите партнери и сојузници за дестабилизирачката улога на Турција, соопштија од грчкото МНР. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, во интервјуто за телевизијата „ЕРТ“ рече дека „Турција се обидува да активира меморандум кој природно и суштински е неактивен и мртов“.

-Нашата земја ќе реагира како што гарантира меѓународното право. Не заборавајте дека имаме суверени права во областа. Имаме потпишано договор за Ексклузивната економска зона со Египет. Тоа што Турција се обидува да го направи допира суверени права на други земји и сигурно е дека нема да биде прифатено од меѓународната заедница. Ниту нашата земја, ниту нашите сојузници тоа нема да го дозволат, истакна Иконому.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...