Грција ги набави вакцините и за подваријантите БА 4/5 на Омикрон

Ажурираните вакцини против Ковид-19, кои заштитуваат од подваријантите БА 4/5 на мутацијата Омикрон, пристигнаа во Грција, а попладнево ќе се отвори платформата за закажување термин за вакцинација и ќе се користат само како прва или втора дополнителна доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред две седмици започна имунизацијата со вакцините наменети за сојот Омикрон и како што и беше најавено дополнително пристигнаа и новите вакцини, а планирано е, како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вакцинацијата да започне в понеделник.

Приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми.

Станува збор за мРНА вакцини кои се користат како прва или втора дополнителна доза, односно трета и четврта доза и треба да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19.

Ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

ПОСЛЕДНИ

Навивачите се жалат: Покривот на „Олд Трафорд“ пропушта вода 🎥

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMМанчестер Јунајтед има проблем со резултатите на теренот, но тие не се единствените...

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...