Горивата од полноќ ќе се продаваат по повисоки цени, само цената на Еуродизелот не се менува

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,58 отсто во однос на одлуката од 11.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,140 отсто,  кај  дизелот зголемување во просек за 2,090 проценти, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,044 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,868.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар за литар,

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95  –    88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98  –    91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  –    90,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  –  86,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС   –      52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 отсто.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – се наведува во соопштението на РКЕ.

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...