Георгина Родригез прошета низ Манчестер во модна комбинација од два милиони евра

Георгина Родригез често е тема на јавноста и на социјалните мрежи поради нејзиното провокативно облекување. Доволно ѝ е да направи едно селфи, а големите фанатици почнуваат да ги бројат трошоците за накитот што го ставила.

Медиумите дури пишуваа и за мајката на Кристијано Роналдо, за која се шпекулира дека е главниот виновник зошто славниот фудбалер се уште не се оженил со Георгина Родригез.

Благодарение на стилот и начинот на облекување, но и тоа што е девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина често е во центарот на вниманието.

 

Таа со објавување фотографии на својот Инстаграм профил покажа облека чија вредност достигнува вртоглави два милиони евра, најмногу благодарение на модните додатоци кои ги носеше.

Таа прошета по улиците на Манчестер во син фустан од Стела Макартни вреден 1.900 евра, кој ја истакна нејзината фигура.

На нозете носела LeSilla потпетици од 765 евра, додека чантата Hermes која ја држела во рака чини 94.000 евра.

Модните додатоци кои ги носеше, два прстени и многу скап часовник, значително ја зголемија цената на целиот аутфит.

Првиот е прстен со дијаманти и сафири кој чини 800.000 евра, а вториот е Cartier вреден 700.000 евра.

Згора на сето тоа, Џорџина ставила и часовник Rolex чија цена е 550.000 евра, изработен од 18-каратно бело злато и украсен со дијаманти.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...