Универзитетската професорка на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, Лидија Георгиева, на првата сесија на школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue “ зборуваше за Oхридскиот договор и неговата долговечност.
Георгиева истакна дека треба да им се оддаде благодарност на оние кои го спроведоа овој договор што донесе мир во нашата земја.
„Мора да им се заблагодариme на „актерите“ кои го реализираа и спроведоа Охридскиот договор“, накратко рече Георгиева, која додаде дека треба да се бараат најдобри можни решенија.
Таа истакна дека долговечноста на Охридскиот рамковен договор е доказ дека тој е добро решение.
Имаме договори кои траат само еден месец, тоа е лош договор“, рече меѓу другото Георгиева.