Фудбалер ја пропуштил сопствената свадба, го заменил неговиот брат

Новиот напаѓач на шведскиот прволигаш Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената свадба за да дебитира синоќа за својот нов клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, јавија шведските медиуми.

Фудбалерот од Сиера Леоне обелодени дека тој воопшто не се појавил на свадбата, а на церемонијата го претставувал неговиот брат.

– На венчавката ме застапуваше мојот брат. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне, но јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано, изјави Туреј.

Новото засилување на Малме од Сиера Леоне на социјалните мрежи објави фотографии од свдабата, појаснувајќи оти тие биле направени претходно.

ПОСЛЕДНИ

Наполи и Де Лаурентис под истрага за сомнителни трансфери!

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQНаполи и сопственикот Аурелио де Лаурентис се обвинети поради финансиски малверзации, односно лажирање...

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови на англиски...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...