(ФОТО) Претседателот на Албанија ѝ додели специјален орден на Рита Ора

Пејачката Рита Ора ја посети Албанија, а на социјалните мрежи се пофали со признанието кое и го додели претседателот Бајрам Бегај.

 

„Постојат некои работи во животот кои никогаш не ги заборавате, ова патување ќе биде едно од нив. “ напиша пејачката. Денес беше нереален ден. Имав голема чест што претседателот на Албанија, господинот Бајрам Бегај, ми го додели орденот Наим Фрашери“, напиша пејачката.

 

 

 

„Ова е нешто што им се доделува на Албанците и на странските државјани за нивните вредни дела и активности во науката, уметноста и културата. Ви благодарам многу од се срце“, објасни таа.

Рита Ора за оваа пригода носеше бел комплет палто и здолниште и сребрени потпетици.

Во склоп од своето патување во Албанија, Рита Ора го посети уметничкото училиште во Тирана, Jordan Misja Artistic Lyceum, ручала со градоначалникот Ерион Велиај во градското собрание на Тирана и свратила во непрофитната хуманитарна организација House of Colors како амбасадорка на УНИЦЕФ.

Инаку, пејачката која сега живее во Лондон е родена во Приштина како Рита Сахатчиу, а вистинското презиме го сменила бидејќи било тешко да се изговара, објавија претходно странските медиуми. Рита е горда на своето потекло и често го истакнува тоа, иако во Приштина живеела само првата година од животот. Во 1991 година, нејзините родители избегаа од Косово во Велика Британија.

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...