Огромна дупка голта автомобили во Калифорнија.
Две лица биле спасени од пожарникарите, а уште две сами излегле од кратерот на патот што се отворил во понеделникот, пренесе Ројтерс.
Невремето што ги погоди САД во последните денови предизвика поплави, лизгање на земјиштето и големи штети во Калифорнија. Над 33 милиони жители се загрозени од можните последици од тешките временски услови.
Според прогнозата се очекуваат пообилни врнежи од дожд и силен ветер.