Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги поздравил колегите од големиот ривал Барселона за привлекувањето на Роберт Левандовски.

Новинарот Жерард Ромеро откри дека веднаш после официјалното објавување на трансферот, „кралевите“ испратиле писмо до Каталонците потпишано од Флорентино Перез.

Ваквиот гест на Перез е изненадувачки со оглед на фактот дека пред неколку години Левандовски беше трансфер цел на Реал Мадрид.

Меѓутоа, го поздравил трансферот и испратил комплименти до големиот ривал.

Коментари