Заменикот-помошникот на државниот секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска потенцирал дека С. Македонија направила тешки реформи и заслужува да оди напред во европската интеграција.
-Јазикот и културниот идентитет не се спорни за САД, но сепак земјата треба да одржи конструтивен дијалог со соседите. САД остануваат на страната на Македонија и ќе бидат силен поддржувач. Нашето искуство со вашата земја е дека е силен партнер, лојален пријател, голем поддржувач на транс-атлантската заедница. Северномакедонците се европејци, историски, културно и економски. С. Македонија е дел од Европа и ќе биде важен учесник во транспортот, ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор. С. Македонија го заслужи правото да се движи напред во процесот, рекол Ескобар во изјава за Тв Сител.