Ердоган повика на достоинствен излез на сите страни од конфликтот во Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа во ОН повика да се најде „достоинствен“ излез за сите страни од војната во Украина.

– Заедно мораме да најдеме разумно дипломатско решение кое на двете страни ќе им понуди достоинствен излез од кризата, рече Ердоган во обраќањето на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Турскиот претседател додаде дека треба да се интензивираат напорите за ставање крај на војната „врз основа на територијалниот интегритет и независноста на Украина“.

Ердоган додаде дека треба да победи фер мировен процес и потсети дека од почетокот на руската инвазија на Украина, Турција успеа да собере претставници на Русија и Украина на своја територија.

Турскиот претседател, кој успеа да одржи врски и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, редовно се нуди да посредува во конфликтот, повторувајќи ја потребата да се најде договор што ќе ги задоволи двете страни, пренесе Бета.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...