„Енергоатом“: Русите повторно го гранатираа Запорожје

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ денеска соопшти дека руските сили го гранатирале комплексот на нуклеарната централа „Запорожје“, што е под руска контрола од март.

Во соопштението на каналот Телеграм на компанијата се наведува дека руските војници во изминатите 24 часа повторно ја гранатирале територијата на нуклеарната централа и дека се проценува штетата.

Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.

Претходно, член на проруската регионална администрација, Владимир Рогов објави дека украинските сили повторно го гранатираат градот Енергодар, во близина на кој се наоѓа нуклеарната централа „Запорожје“.

ПОСЛЕДНИ

Парите прават чуда: Меси, КР и Бензема играат за ист клуб во Лигата на шампионите во сезоната 2023/24?

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд почетокот на јуни, сопственикот на Њукасл Јунајтед е и мнозински акционер на четири водечки клубови во Саудиска...

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...