Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.

Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.

„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.

„Господ знае што се случуваше во неговата глава, и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години, си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...