ЕКСКЛУЗИВНО: Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“ (ФОТО)

Наскоро ќе се активира идентификацискиот број (ОБ ИД број) за граѓаните на „Отворен Балкан“ (Северна Македонија, на Албанија и Србија), благодарение на што ќе можат непречено да работат во приватниот сектор. Нема да бидат потребни нострификација на дипломите, чекање на работни дозволи и какви било други административни бариери.

„Локално“ ексклузивно дојде до документот „OB ID“ Отворен Балкан идентификациски број со кој се добива слободен пристап до пазарот на труд и идни поволности.

Ваквиот слободен пристап до пазарот на трудот во земјите на „Отворен Балкан“ ќе биде овозможен со договорите што веќе се потпишани. Координаторот на „Отворен Балкан“ во Владата, Марјан Забрчанец претходно најави дека благодарение на идентификацискиот број, луѓето ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји.

Процесот на издавање на „Идентификациски (матичен) број на Отвoрен Балкан“ е замислен така да биде една од услугите на порталите за еУправа. Како ќе изгледа постапката повеќе информации даде советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ.

„Секој граѓанин кој сака да се вработи во една од овие три земји, преку порталот е-Управа ги внесува своите основни податоци: број на лична карта или пасош и други податоци кои потврдуваат дека се работи за таа личност. Преку тој портал добива идентификациски број на ‘Отворен Балкан’, со кој практично стекнува право да конкурира за работа во која било од овие три земји. Очекуваме и се надеваме, на следниот самит на ‘Отворен Балкан’ кој треба да биде во почетокот на јуни во Скопје, да се издадат тие идентификациски броеви, односно лични карти и да почне сезоната за нивна работа во трите држави“, вели Ѓурѓевиќ.

Н.П.

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...