Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да долева масло на огнот во украинскиот конфликт, изјави во интервју за телевизијата CNN британскиот музичар Роџер Вотерс, еден од основачите на легендарниот бенд Pink Floyd.

„Ова е тешко злосторство. Зошто Соединетите држави не го охрабрат украинскиот претседател Володимир Зеленски да започне преговори со Москва за да се стави крај на овој ужасен конфликт?“, праша во текот на разговорот Вотерс.

Згора на тоа, според британскиот музичар, токму Северноатлантската алијанса била главниот виновник за украинската криза.

„Секоја војна започнува од нешто. Оваа започна во 2008 година (кога на самитот на НАТО во Букурешт првпат беше споменато членството на Украина и Грузија – з.р.). Руската операција беше одговор на придвижувањето на блокот близу до границите на Русија. Иако Алијансата вети дека тоа нема да го прави. Токму поради тоа (последниот советски челник Михаил) Горбачев ги повлече советските трупи од прагот на Западна Европа“, рече Вотерс.

Тој го советуваше водителот да „повеќе да прочита“ и му предложи да си замисли како Вашингтон би реагирала доколку Кина распореди нуклеарни ракети во Мексико и Канада. Водителот забележа дека Кина во моментов е зафатена со опколувањето на Тајван, на што Вотерс напомна дека Тајван е „дел од Кина“. Покрај тоа, музичарот го отфрли тврдењето на соговорникот Мајкл Смеркониш дека САД ја „играат улогата на ослободители“.

Вотерс во моментов е на турнеја под наслов „This Is Not A Dril“, Во своите јавни и настапи во медиумите отворено допира до чувствителните актуелни политички теми, често прикажува фотографии од личности кои ги нарекува „воени злосторници“ меѓу кои неретко се и фотографиите на Бајден.

На 17-ти декември 2021 година, руското Министерство за надворешни работи ги објави двата нацрт-договори на Русија за безбедносни гаранции, кои Москва ги очекуваше од САД и НАТО. Меѓу барањата на Москва беа и запирање на натамошното ширње на Алијансата кон исток до границите на Русија, отфрлањето на евентуалното прирдружување на Украина и Грузија и други постсоветски земји на западниот воен блок, како и да не се формираат воени бази во земјите поранешни членки на Варшавскиот пакт. Покрај тоа, се работеше за нераспоредување офанзивно оружје во близина на границите на Русија и повлекување на силите на НАТО од Источна Европа на позициите од 1997 година.

На 26-ти јануари, Вашингтон и Брисел го предадоа својот писмен одговор на предлозите на Москва за безбедносни гаранции. Американската страна побара текстовите на овие документи да не се објавуваат. Сепак, американскиот државен секретар Антони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги истакнаа нивните основни одредби. Овие изјави укажуваа на тоа дека Западот одби да направи фундаментални отстапки за Москва, но посочи области за понатамошни преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин на 24-ти февруари објави дека како одговор на барањето на шефовите на републиките во Донбас донел одлука да спроведе „специјална воена операција“ во Украина со цел да ги заштити луѓето „кои страдаат од злоупотреба и геноцид од режимот во Киев осум години“. Рускиот челник истакна дека Москва нема планови за окупација на украинските територии и дека операцијата има за цел демилитаризација и денацификација на Украина.