Два дена пред дебаклот против Брентфорд се случил хаос во соблекувалната на Јунајтед

Манчестер јунајтед повторно одигра ужасен меч во Премиерлигата и загуби со 0-4 од Брентфорд, а проблем не е само играта, туку и атмосферата во кллубот.

„Манчестер Ивнинг Њуз“ објави дека два дена пред мечот со Брентфорд се случил хаос во соблекувалната по тренингот.

Фудбалерите се карале меѓусебе и очигледно тоа ја уништило атмосферата пред мечот во второто коло во кој Јунајтед беше посрамотен.

Не е познато колку лица учествувале во караницата, но пред три месеци за малку ќе имаше тепачка исто така во соблекувалната, па очигледно нешто не е како што треба во клубот.

Тренерот Ерик Тен Хаг побара итни промени и нови засилувања, а претходно и други тренери, како Жозе Мурињо и Ралф Рангник предупредуваа дека во клубот има проблем и мора да се реши во најбрз можен рок.

Коментари
ПОСЛЕДНИ

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...

Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IКако што објавија шпански и неколку англиски медиуми,...

Очекувано: Спалети најдобар тренер во Серија А

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТренерот на Наполи, Лучијано Спалети очекувано и заслужено беше избран за тренер на сезоната во Серија А.Спалети успеа...