ДУИ: Земјата има историскa можност за европска иднина и за затворање на сите прашања со соседите

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за завршување на спорот и за одблокирање на нашиот европски пат.

Нашата земја е пред историска одлука, онаа на отворање на преговорите со Европската унија и затворање на сите спорни прашања со соседите, затоа цениме дека ваквите шанси за компромис кои не го загрозуваат идентитетот, јазикот и националното достоинство на нашите македонски сограѓани не треба да се пропуштаат, заради сигурната и прогресивната иднина на државата и регионот.

Демократската Унија за Интеграција апелира до сите страни вклучени во овој историски процес рационално да пристапат кон содржината на предлогот и заедно да ја донесеме долгоочекуваната одлука за одблокирање на интегративниот пат на земјата.

Заедно со партнерите од владината коалиција, опозицијата, Собранието, Претседателството, државните институции, како и медиумите, граѓанското општество, академскиот свет, врз принципите на транспарентност го започнуваме процесот на консултации во кои како никогаш досега се бара зрелост и рационалност, а не субјективен протагонизам за тесни интереси.

Демократската Унија за Интеграција останува доследна на своите позиции за решавање на спорот со Бугарија и поради оваа причина цениме дека францускиот предлог е во дозволените рамки на рационален компромис.

Овој предлог, овој пат, оваа европска иднина ја има поддршката од Вашингтон, Брисел, Париз, Лондон, Рим, другите западни престолнини, а сите достигнувања ги имаме постигнато заедно со евро-американската заедница.

ПОСЛЕДНИ

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ

  Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград во саботата откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од...