ДУИ: Утре почнуваат преговорите за членство во Европската Унија

Демократската унија за интеграција го поздравува почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Утре, вторник, 19 јули 2022 година, во Брисел, Северна Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани.
Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди.

ДУИ смета дека Собранието и Владата на Република Северна Македонија постапија правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, со што започнуваат преговорите, како и се зачувуваат идентитетот, јазикот и културата на Македонците.

Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање на нереални ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел постигнување на партиски придобивки, но граѓаните се оградија од овие изолирачки и деструктивни сценарија со неучеството на протестите против ЕУ.

Времето ќе докаже кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...