ДУИ: Нема да дозволиме ретроградните сили да ја закочат иднината на граѓаните

ДУИ: Нема да дозволиме ретроградните сили да ја закочат иднината на граѓаните

Пратеничката група на Демократската унија за интеграција денес одржаа прес конференција каде што беа соопштен ставот на партијата во врска со иницијативата за организирање на референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и зошто истиот не треба да се подржи.

„Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува”, истакна меѓу другото Арбер Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ на денешната прес конференција.

Во продолжение целосниот говор:

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Иницијативата за организирање на референдум е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија и истата е отфрлена бидејќи Уставот, како највисок правен акт, е многу јасен.

Само да потсетиме, во член 118, се предвидува дека потпишаните меѓународни договори, кои потоа се ратификувани, се дел од внатрешниот правен поредок и истите не можеме да ги менуваме со Закон.

Демократската Унија за Интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поткрепи Договорот за добрососедство со Република Бугарија кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно, опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин за организирање референдум, која е спротивно на Уставот, и со единствена цел, за да биде одбиена и притоа да создава поделби и тензии меѓу граѓаните, да го манипулира народот иако знаат дека референдумот нема никакви шанси да успее.

Иницијативата на опозицијата е насочена кон попречување на патот кон Европската унија. Жалам за антиевропското убедување и делување на опозицијата, но едно е јасно, дека враќање назад нема да има, дека земјата нема да се изолира од останатиот демократски свет.

Сега кога веќе официјално почнавме преговори со Европската унија, повикуваме на формирање широк проевропски фронт на политички партии, невладини, медиуми, граѓани.

Почитувани,

Го повикуваме про европското крило во рамките на опозицијата да направат се за да не се загрози членството на Република Северна Македонија во НАТО и да запре нејзиниот европски пат.

Префрлањето на одговорноста на граѓаните, е барање алиби за сите неуспеси овие години, и погрешно постројување во регресивни сили преку сеење магла и оспорување Договор кој придонесе членство на нашата држава во НАТО.

Во време на најголемата економска и енергетска криза, во пресрет на една тешка и неизвесна зима што не чека не само нас туку целата Европа, крајно неодговорно и недозволиво е да се потрошат 8 милиони евра за организирање на референдум, само за да станеме дел од големата измама на опозицијата.

Kога е во прашање државниот и национален интерес, Демократската унија за интеграција нема да дозволи ретроградните сили да ја закочат иднината на Република Северна Македонија.

Граѓаните веќе јасно го дадоа својот глас, тие се за Европска унија и НАТО и заедно со нашите меѓународни партнери и САД, ќе продолжиме успешно да ја остваруваме нашата цел, членство на Република Северна Македонија во големото европско семејство.

Ви благодарам,

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...