Дуа Липа и Тревор Ноа „фатени“ на романтична вечера

Познатата пејачка Дуа Липа изгледа е повторно вљубена. Овој пат се шпекулира дека избраникот на нејзиното срце е јужноафриканскиот комичар и водител на „The Daily Show“ Тревор Ноа.

 

27-годишната Дуа и 38-годишниот Тревор биле видени на заедничка вечера во ресторан во Њујорк, а очевидците тврдат дека се чувствувала хемијата меѓу нив. Биле видени и како се гушкаат еден со друг пред секој да тргне по својот пат.

„Тивко седеа подалеку од сите други во ресторанот. Јасно беше дека се заљубени еден во друг и седеа блиску еден до друг за време на вечерата. Заедно отидоа на прошетка, се гушкаа долго и се бакнуваа“, изјави извор за  „Daily Mail“.

 

Идната славната двојка претходно не даваше никакви навестувања за нивната романтична врска, ова доаѓа откако и двајцата излегоа од љубовни врски.

Дуа беше со моделот Анвар Хадид, помладиот брат на Бела и Џиџи Хадид. Двајцата почнаа да се забавуваат во јуни 2019 година, набргу откако таа раскина со своето претходно момче. Сепак, тие се разделија во декември минатата година. Пред тоа, таа беше во врска со моделот Исак Керју, а беа заедно од 2015 до 2017 година. Потоа се забавуваше со Пол Клајн, за повторно да се врати на Керју, но последен пат се разделија во мај 2019 година. Тревор беше во врска со актерката Минка Кели, а нивната врска имаше подеми и падови.

ПОСЛЕДНИ

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...

Адеми: Албанската опозиција предводена од ВМРО го блокираше Законот за игри на среќа

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку прес-конференција ги отфрли сите тврдења на албанската опозиција за Законот за игри на среќа. Адеми рече...