Драма на небото во Индија, откако рускиот авион Азур Аира со 244 патници имаше итно слетување во воена база во Индија поради закана за бомба. Авионот на летот од Москва со Гоа во југозападна Индија, со 236 патници и осум членови на екипаж, следа во понеделник доцна навечер во индиската воена база Џамнагар во државата Гауџарат.
Според пишувањата на медиумите, авионот принудно слета поради тоа што авио-компанијата примила мејл во кој се наведувал дека во тој авион имало бомба.
Руската амбасада во Индија соопшти дека дојавата ја добила од индиските власти. Сите патници и членови на екипажот се на сигурно.