Скопје, 26 септември – Денес, во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците се одржа настан по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, а на присутните им се обрати заменик министерот, Џабир Доко.
Наша примарна цел како држава, како Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и како општество и понатаму останува грижата и надградувањето на начелата и вредностите за еднаквост на сите граѓани, за нивно целосно општествено интегрирање, независно од етничката или верската припадност за зачувување на таа културна односно идентитетска различност како посебен квалитет на нашето општество, притоа водејќи сметка тоа да остане еден од темелните принципи во понатамошната демократизација и развој на државата, истакна меѓу другото заменик министерот, Доко.
Во продолжение целосниот говор:
Почитувани наши сограѓани Бошњаци,
почитувани директори и претставници на медиумите,
драги присутни,
Ми претставува чест и задоволство што денешниот настан по повод на Меѓународниот ден на Бошњаците се организира токму во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, па дозволете ми во мое лично име и во име на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да ви посакам добредојде и да ви го честитам 28-ми септември Меѓународен ден на Бошњаците. Воедно на сите Бошњаци сакам да им се заблагодарам за соработката во градење на темелите на државата, која во континуитет трае од НОБ, па во процесите на создавање на независна и суверена република, а истата кооперација продолжува и во рамките на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија.
Наша примарна цел како држава, како Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и како општество и натаму останува грижата и надградувањето на начелата и вредностите за еднаквост на сите граѓани за нивно целосно општествено интегрирање, независно од етничката или верската припадност за зачувување на таа културна односно идентитетска различност како посебен квалитет на нашето општество, притоа водејќи сметка тоа да остане еден од темелните принципи во понатамошната демократизација и развој на државата.
Бидете горди што припаѓате на народот кој има такви корени и бидете горди што ја имате Босна и Херцеговина, која е матица на сите Бошњаци, каде и да се наоѓаат.
Мултиетничноста и мултиконфесионалната како единство на различности уште повеќе го унапредуваат граѓански карактер на Република Северна Македонија.
Наша обврска е тука во Северна Македонија и на секое друго место, да работиме заедно на градење на државата во која живееме, да го почитуваме Уставот и законот на ова земја и да придонесуваме во развојот на државата.
Активно работиме на зачувување на јазикот, верата, културата и историјата за истите да бидат препознаени од институциите како партнери во имплементација на законите и правата кои им ги гарантира државата во која живеат и Северна Македонија ќе биде пример за останатите држави во регионот.
Од другата страна, Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе продолжи да ги гради мостовите на соработка помеѓу сите припадници на етничките заедници на целата територија на државата, негувајќи ги нивните културни различности и традиции кои се вткаени во нашиот концепт за еднакво општество за сите.
Ви благодарам,