Денеска Владата ќе прогласи кризна состојба во енергетиката

Владата денеска се очекува да донесе одлука за прогласување на кризна состојба за електричната и топлинската енергија која ќе важи од 1 септември. Од почетокот на септември стапуваат на сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година.

Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите не се опција ако се оди според планот на Електростопанство на Македонија. Компанијата, како што неколкупати досега изјави генералниот директор Васко Ковачевски, работи со максимален капацитет и во функција ќе бидат ставени сите расположливи капацитети.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна изјави дека се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар.

Во очекување на престојната зима, за која оценките се дека ќе биде најтешка во последните 70 години, Владата на 16 август донесе пакет мерки за штедење на електрична енергија кои треба да стапат на сила од 1 септември.

Со нив, државните институции имаат конкретни задолженија кои мора да ги почитуваат како што се исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, да не се користат сијалици кога има доволно светлина, климите да се местат не пониско од 27 степени во сезона на ладење и не повисоко од 20 степени во сезона на греење, да се заменуваат старите сијалици со шделиви и да се исклучуваат компјутерите.

Во пакетот мерки за штедење има и препораки до граѓаните и компаниите. Со пакетот мерки за штедење се очекува заштедите да бидат до 15 проценти

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...