Дембеле ја откри причината за честите повреди и што се променило сега

Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле призна дека недоволната работа била причина за неговите многубројни повреди во минатото.

Притоа откри дека доаѓањето на Роналд Куман за тренер во Барселона донело позитивна промена во тој поглед.

„Повредите дојдоа затоа што кога имав 20 години не работев како сега. Ако сакате да бидете одличен играч, мора да работите напорно. Вашиот талент не е доволен. Не го знаев тоа порано, но сега гледам дека работата на теренот и надвор од него е клучна“.

„Дали ме фати паника поради повредите? Да, почнав да се чувствувам малку исплашен. Мислев дека може да се повредам во секој момент. Се се промени со доаѓањето на Роналд Куман. Имав повреда на колкот и имав многу страв. Но, тогаш се се промени на подобро. Работите се подобрија по таа повреда кога пристигна Куман“, изјави Французинот.

„Работев напорно за да избегнам повеќе повреди. Почнав да играм. Мислам дека тоа време одиграв 46 натпревари. Разговарав со кондициските тренери и со мојот личен. Тогаш ми рекоа дека ако не работам, ќе продолжам да се повредувам и дека нема да уживам во фудбалот. Сега имам личен тренер кој одржува контакт со Иван Торес и другите тренери во Барселона. Вежбам наутро и имам дополнителни вежби после тренинг за да ги зајакнам тетивите“, изјави Дембеле во интервју за„Мундо Депортиво“.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...