Четврти ден протести пред Влада, повторно се користат петарди и пиротехнички средства

Четврти ден протести пред Владата поради францускиот предлог, со кој што треба да се утврди преговарачката рамка на Македонија за членство во ЕУ.

После вчерашните инциденти и тензии, денеска атмосферата е помирна, но и бројот на демонстранти е помал, со оглед на поројниот дожд кој што паѓаше во текот на целото попладне низ Скопје.

Повремено се слушаат мали експлозии од петарди и пиротехнички средства.

Околу зградата на Владата повторно е поставена заштитна ограда, а видливо е и зголемено полициско обезбедување. На почетокот на протестот учесниците извикуваа „Оставка“, „Македонија“, „Никогаш Северна, само Македонија“.

Во текот на денот во земјава беше присутен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за да даде поддршка за францускиот предлог.

„Македонци, имате историска можност да кажете да. Да за почеток на преговорите, да за ЕУ, да за нашите деца. Вашата земја има можност уште еднаш да стане шампион на проширувањето. Тоа ќе воведе нова динамика. овие реформи ќе ве доближат до ЕУ, ќе донесат стабилност и издржливост на вашиот народ. Можете да сметате на политичка и финансиска поддршка“, рече Мишел на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...