Четири жртви во најголемиот шумски пожар во Калифорнија годинава

САД– Тела на уште две лица се пронајдени во подрачјето зафатено со шумскиот пожар што веќе пет дена беснее во северна Калифорнија недалеку од границата со сојузната држава Орегон. Со тоа бројот на жртви во најголемиот шумски пожар што годинава ја зафати Калифорнија се зголеми на четири.

Спасувачките служби двете тела ги пронашле во два одвоени станбени објекти во близина на автопатот што минува низ опожареното подрачје во шумата Кламат, на околу 500 километри северно од Сан Францско. Јагленосани остатоци од тела на други две лица во неделата беа пронајдени во изгорен автомобил лоциран на приод на куќа во близина на автопатот, соопштија во понеделникот локалните власти.

Од петокот кога избувна пожарот досега пламенот уништи повеќе од 522 хектари шума, како и стотина објекти, од станбени куќи до придружни објекти.

Портпаролката на локалниот шериф, Кортни Крејдер, посочи дека синоќа е издадена наредба за евакуација на 4.500 луѓе од загрозените подрачја.

Особено тешко е погодена крајбрежната енклава на реката Кламат со население од помалку од 200 луѓе, каде пожарот уништи бројни домови и центар на заедницата, рече таа.

Речиси пет илјади станбени згради се загрозени од пламенот.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...