Чешка им дава државни субвенции на граѓаните на кои сметки им надминуваат 30 отсто од приходите

Чешката влада вети дека поскапувањето на енергенсите ќе им го компензира на граѓаните преку станбен додаток. Компензација ќе добијат сите граѓани чии сметки ќе надминат 30 отсто од нивните приходи, а жителите на Прага ќе добијат компензација кога ќе надминат 35 отсто од приходите, пренесува Ројтерс.

„Владата нема да дозволи некој да пропадне. Граѓаните за станување ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, во Прага 35 отсто и тоа вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. Сите трошоци над 30 отсто државата е спремна да ги плати“, кажа чешкиот премиер Петр Фијала.

Во Чешка станбениот додаток не е новост бидејќи досега тоа беше еден вид социјална помош за најсиромашните семејства. Премиерот сега апелираше до граѓаните да не се срамат да побараат станбен додаток и дека на него имаат право и оние кои до годинешното зголемување на трошоците немаа право на тоа.

Во првото полугодие Чешка преку станбениот додаток исплатила околу 208 милиони евра. На крајот на месецот ќе бидат познати и деталите за посебната поевтина тарифа за струја и гас за домаќинствата. Во рамки на тоа државата трошоците за претстојната грејна сезона ќе ја субвенционира потрошувачката на скапата енергија со 2,5 милијарди евра.

Чешкото министерство за индустрија и трговија почнува да ги проверува и аконтациите кои енергетските компании им ги испраќаат на потрошувачите. Причина за тоа е зголемување на бројот на пријави дека поскапувањата се злоупотребуваат и дека потрошувачите плаќаат поголеми аконтации од трошоците.

„Има сигнали дека некои домаќинства треба да плаќаат поголема, несоодветна претплата. Неверојатно е дека некои претпријатија ја злоупотребуваат оваа ситуација“, кажа Маријан Јуречка, чешки министер за труд и социјални прашања.

Премиерот Фијала кажа дека Чешка е спремна и дека има доволно резерви гас за зимата. „Но ќе биде неопходно и штедење. Владата нема да ѝ даде предност на индустријата пред граѓаните“, кажа чешкиот премиер.

Во меѓувреме, Чешка ги полни резервоарите со гас. Владата постигна договор да користи терминал за течен гас во Холандија, со тоа што договорениот капацитет достигнува третина од потрошувачката на гас во Чешка и ќе може да го користи уште од оваа грејна сезона.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...