Чешка е подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на европскиот предлог

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, на кој беше изразена поддршката за напредокот на државата во процесот на интеграција. Османи го увери соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија.

Соговорниците разменија мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Во таа насока, министерот Липавски ја потенцираше подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Северна Македонија ќе го одобри европскиот предлог.

Двајцата соговорници ги повторија клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик; изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш.

ПОСЛЕДНИ

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...

Шпанците тврдат: Барселона наскоро ќе биде исфрлена од европските натпреварувања!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IКако што објавија шпански и неколку англиски медиуми,...

Очекувано: Спалети најдобар тренер во Серија А

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТренерот на Наполи, Лучијано Спалети очекувано и заслужено беше избран за тренер на сезоната во Серија А.Спалети успеа...