Чејку: Али Ахмети е најдобриот дипломат во Република Северна Македонија

Поранешниот амбасадор, Арбен Чејку на третиот ден од Школата за млади лидери „ Peace Forum Dialogue “, зборувајќи за фигурата на лидер, за пример го посочи првиот човек на Демократската унија за интеграција, за кого рече дека не е лидер кој се бори за фотелја или функција, но е фигура што се бори за целата држава.

Чејку рече дека Ахмети е најдобриот дипломат што го има Северна Македонија.

„Ахмети како командант на ОВК го гарантираше спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Времето тоа го покажа и докажа. Создаде и институции за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Тој е најдобриот дипломат што го има Северна Македонија. Ахмети може да се споредува само со Ибрахим Ругова и со никој друг, тој одигра важна улога за мирот и стабилноста на РСМ“, рече меѓу другото Чејку.

Инаку, денеска е последниот  ден  од Школата за млади лидери  „ Peace Forum Dialogue “ што го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во пресрет на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

ПОСЛЕДНИ

Навивачите се жалат: Покривот на „Олд Трафорд“ пропушта вода 🎥

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMМанчестер Јунајтед има проблем со резултатите на теренот, но тие не се единствените...

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=VWHUjtOK-xMТурскиот суперталент Арда Ѓулер нема да остане во Реал Мадрид оваа сезона, затоа...

Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,...

Адеми: Опозицијата ги штити интересите на казината, веќе две години го блокира Законот за игри на среќа

Координаторот на Демократската унија за интеграцијаа,  Арбер Адеми на денеска на прес-конференција изјави дека албанската опозиција се претворила во мегафон на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ. Според...