Буши ги посети повредените полицајци. Го осуди антиевропското насилство поттикнато од проруските елементи

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши утрово ги посети припадниците на полицијата кои синоќа се здобија со физички повреди за време на насилниот протест пред Собранието како резултат на фрлање од страна на демонстрантите со камења, тврди предмети и пиротехнички средства.

Буши во оваа прилика им се заблагодари на полицајците за ладнокрвноста, сериозноста и професионалноста.

Ова е целосната објава на Буши:

Утрово ги посетив припадниците на полицијата, кои синоќа за време на насилниот протест пред Собранието се здобија со физички телесни повреди како резултат на фрлање од страна на демонстрантите со камења, тврди предмети и пиротехнички средства.

Разговарав со лекарите кои се грижат за повредените полицајци и заедно со нив им посакавме брзо закрепнување.

Во меѓувреме, при разговор со присутните полицајци, им се заблагодарив за ладнокрвноста, сериозноста и професионалноста покажана на насилниот протест што се одржа синоќа.

Министерството за Внатрешни Работи е ангажирана со цел што побрзо откривање на сторителите на ова кривично дело и расветлување на случајот, а во меѓувреме апелирам до организаторите на протестите и граѓаните, да покажат демократска зрелост и да го одржуваат редот и безбедноста на државата. Ништо не се постигнува со насилство врз полиција и објектите на државните институциите. Дијалогот мора да се одвива во институциите на системот.

Најостро го осудувам антиевропското насилство на улиците на Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во нашата земја кои се против ЕУ, НАТО, добрососедството, мирот, стабилноста и безбедноста.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...